ВИДЕО: Мајка и ќерка спасени од урнатините 68 часа по земјотресот

Од:

Мајка и нејзината шестгодишна ќерка беа спасени од урната куќа во турскиот град Кахраманмараш 68 часа по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија.

Германската хуманитарна организација @fire, која соработува со британската хуманитарна организација SARAID, преку соопштение потврди дека мајката и детето се наоѓаат во урнатините на срушената зграда вчера околу 5 часот по локално време.

„Речиси 20 часа работниците за помош при катастрофи се пробиваа низ урнатините. Со помош на тешка опрема, задачата беше да се направи тунел низ урнатините за да се спасат мајката и детето“, додаваат во соопштението германските хуманитарци. пренесува CNN.

Тие посочуваат дека спасувачката мисија била „трка со времето“ и дека мајката и детето биле „изложени на ризик од смрзнување“ на температури под нулата. Сепак, тие биле успешно спасени нешто по полноќ.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски