ВИДЕО: Либанците го пречекаа Макрон со нов протест

Од:

Илјадници демонстранти излегоа денес на централниот плоштад во Бејрут за да ја одбележат стогодишнината од прогласувањето на државноста на Либан и воспоставувањето на Бејрут за главен град, од страна на тогашниот француски генерал Анри Гура. Собирот во исто време е и протест против слабиот одговор на државата и правосудството на разурнувачката експлозија од минатиот месец, која предизвика огромни страдања во државата.

Додека либанскиот народ е излезен на улиците на градот, францускиот претседател Емануел Макрон е во официјална посета на земјата по вторпат откако на 4 август Бејрут беше разурнат од две силни експлозии кои се случија во пристаништето, при што загинаа најмалку 190 лица, беа повредени 6.500, а над 300.000 останаа без своите домови.

Францускиот претседател Емануел Макрон засади бор во чест на загинатите од експлозиите во Бејрут

По експлизијата, во Бејрут се случија насилни протести кои предизвикаа пад на владата, но граѓаните и натаму чекаат праведен одговор од државата за катастрофата и сериозна истрага што ќе ги утврди одговорните. Во понеделникот, поранешниот амбасадор на Либан во Германија, Мустафа Адиб, беше назначен од страна на претседателот Мишел Аун да ја формира новата влада.

Макрон денес треба да се сретне со претседателот Аун, како и други високи преставници на земјата.

Исто така, тој ќе оствари средба и со француската воена експедиција, претставниците од невладиниот сектор и Обединетите нации кои работат на реконструкција на разурнатото пристаниште во Бејрут.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ќе се обидам да го убедам Трамп дека неговите интереси се исти како нашите

А1он

Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина

А1он

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

(ВИДЕО) Зеленски и Макрон зборувале за распоредување војници на украинска територија

Катерина Ѓуровски