ВИДЕО: Лавров го нарече „дебил“ колегата од Саудиска Арабија

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е во центарот на внимание на социјалните мрежи откако беше објавена снимката на која се слуша како на својот колега од Саудиска Арабија му вика „дебил“.

Лавров се сретна со Адел ал Јубиер во вторникот за да разговара за решенијата за војната во Сирија, а навредата кон него му излета поради несогласувањето околу улогата на сирискиот претседател во борбата против ИСИС.

Додека Русија инцистира Асад да се приклучи на борбата против Исламска држава, Саудиска Арабија инсистира на негово отстранување од власта.

Слушајќи ги ставовите на колегата од Саудиска Арабија на прес конференцијата, Лавров климаше со главата, и во еден момент изговори „е..н дебил“.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски