ВИДЕО: Лавина затрупа најмалку 12 луѓе во руски скијачки центар, под снегот има и деца

Од:

Во скијачки во рускиот регион Домбај, на Северниот Кавказ, лавина затрупала најмалку 12 лица, а меѓу луѓето кои се под снегот и до кои се обидуваат да стигнат спасителите, има и деца, јавуваат руските медиуми.

Лавината се урнала врз скијачка патека во одморалиштето на планината Муса-Ачитара околу 13:30 часот по локално време и и затрупала две приколки на местото за изнајмување скијачка опрема, а оштетено е и едно кафуле.

Според руското Министерство за вонредни ситуации, спасувачите работат за да ги извлечат евентуалните преживеани.

Регионалниот оддел на Министерството издаде итно предупредување за опасност од лавини во планините со височина над 2.000 метри.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија