Лав нападна жена од публиката во циркуз , кога тренерот ја повика да земе учество во кафезот. Роксана Гуевара, која е наставничка,беше зграбена од лавот и влечена како плен низ кафезот уште во моментот кога влезе внатре.
Инцидентот се случи во Перу, а наставничката нападот го преживеа со повреди на вратот и торзото. Од болничкиот кревет таа кажа дека намерата и била со учеството во точката да покаже дека лавовите не се агресивни.
-Ме згмечи кога скокна на мене, не можев ништо да направам. Со канџите ме зграпчи во вратот. Мислев дека е готово со мене, изјави Гуевара.
Циркузот го прекршил законот донесен во 2011. година во Перу, со кој е забрането дивите животни да се користат на таков начин и да доаѓаат во контакт со публика.