ВИДЕО: Крв на улиците на Каталонија, полицијата пука со гумени куршуми

Од:

Шпанската полиција користи гумени куршуми за да го спречи изјаснувањето на 5,5 милиони Каталонци на референдумот за независност на Каталонија.

Шпанија референдумот го смета за неуставен и со големи полициски сили уште од изутрина спречува да биде одржан.

На улиците има судири на полицијата со жителите на Каталонија кои излегоа масовно на избирачките места уште од раните утрински часови. На Твитер се појавија првите снимки како полицијата спречува да се влезе на избирачките места.

На социјалните мрежи се појавија и фотографии на луѓе облиени во крв за кои се наведува дека се повредени во судирите со шпанската полиција.

Фотографиите ги објави еден од лидерите на каталанските сепаратисти Пабло Иглесиас со коментар “Дали е ова твојата победа Мариано Рахои?“

Гласаше и шефот на Каталонската влада Карлес Пуџемон за кого демонстрантите во Мадрид од државата бара под итно да го уапси. Полицијата по гласањето со секири ја искрши вратата од избирачкото место.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија