(ВИДЕО) Конгресмен исфрлен од седницата за време на говорот на Трамп

Од:

Инцидент се случи на почетокот на говорот на американскиот претседател на заедничката седница на двата дома на Конгресот.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа одржа говор пред Конгресот, што е негово прво големо обраќање по враќањето во Белата куќа. Темите за кои зборуваше се однесуваа на одлуките што ги донел досега, зборуваше за Украина, царините, мигрантите…Штом Трамп го започна својот говор, некои од демократските претставници извикуваа дека неговите зборови не се вистинити, а некои држеле знаци со тој натпис.

Конгресменот Ал Грин му викаше на Трамп и мавташе со бастун.

Републиканците му викаа на Грин „да седне“.

Мајк Џонсон, претседателот на Претставничкиот дом, на кого Трамп му се обрати за интервенција, го прекори Грин.

Бидејќи демократскиот конгресмен не се смири и продолжи да мавта со бастунот, Џонсон нареди обезбедувањето да го изведе Грин од салата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекордни цени на дизелот во САД, Трамп го обвини Зеленски

Селф: Не е исклучена можноста за распад на БиХ

ВИДЕО: Трамп бара од Зеленски да прекине со нападите на руските рафинерии

ВИДЕО: Нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на Блискиот Исток

Катерина Ѓуровски

Трамп предупредува: „Демократите ќе уништат сè што изградивме“

(ВИДЕО) Трамп нуди „дивиденда“ од 5.000 долари ако републиканците го задржат Конгресот