ВИДЕО: Трамп бара од Зеленски да прекине со нападите на руските рафинерии

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека од украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал да престане со нападите врз руските рафинерии за производство на дизел, тврдејќи дека украинските удари придонесуваат за раст на цените на горивото на светскиот пазар.

Трамп ова го изјавил пред новинарите во претседателскиот авион „Ер форс 1“ при враќањето од Ирска во Вашингтон.

„Проблемот што го имам со Украина и Русија е што голем дел од дизелот доаѓа (…) од Русија, а Украина ги напаѓа руските постројки“, рекол Трамп.

„Го замолив претседателот Зеленски да не ги напаѓа постројките за дизел, рафинериите“, додал американскиот претседател.

Трамп тврди дека проблемите со извозот на руски дизел придонесуваат за раст на цените на горивото.

„Цената на дизелот расте затоа што е тешко да се извезува од Русија, а тоа му штети на целиот свет. Тоа мора да го запреме“, рекол тој.

Изјавите на Трамп доаѓаат по серијата украински напади врз руската нафтена инфраструктура, со кои Киев се обидува да ги намали приходите и капацитетите за снабдување на Москва за време на војната.

Русија во текот на летото го ограничи и извозот на дизел, додека нарушувањата во снабдувањето од Блискиот Исток дополнително ги намалија количините гориво достапни на светскиот пазар.

Украина во последните месеци ги интензивира нападите со дронови со долг дострел врз руските рафинерии и друга енергетска инфраструктура. Во исто време, Русија продолжува со нападите врз украинската енергетска мрежа и други цели.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците го нападнаа Белгород, има жртви и големи штети

ВИДЕО: Трамп откри план за Русија и Украина по завршувањето на војната

(ВИДЕО) Обама: Белата куќа изгледа како Садам Хусеин да отворил Cheesecake Factory

Катерина Ѓуровски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Зеленски ги потврди преговорите со Русите и најави два клучни услови

А1он

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп