ВИДЕО: Кои славни Шкотланѓани се „за“, а кои „против“ отцепување на Шкотска

Од:

Во текот на кампањата за референдумот за независност на Шкотска, познатите Шкотланѓани се поделени на два спротивставени табори: актерот Шон Конери е „за“ одделување од Кралството, додека авторката на книгите за „Хари Потер“ Ј.К. Ролинг се определи за останување во рамките на Обединетото Кралство.

Конери, кој се прослави со улогите во филмовите на Џејмс Бонд, одамна се изјаснува како шкотски националист, а на почетокот на годината ја поддржа независноста и „суштинската демократска идеја дека народот на Шкотска е најдобар чувар на сопствената иднина“.

Од друга страна Ј.К. Роулинг порача дека независноста ќе биде „голема историска грешка“. Таа донирала милион фунти во кампањата за останување во унијата, пренесува Асошиетед прес.

Конери и Ролинг се во групата на бројни славни шкотланѓани кои јавно се изјасниле за независноста, но, дел од тамошната експертска јавност смета дека влијанието на јавните личности нема да биде пресудно за исходот од референдумот, кој ќе се одржи на 18. септември.

Меѓу оние кои се за осамостојување на Шкотска се и актерот Џерард Батлер, членовите на групата Франц Фердинанд и авторот на романот „Trainspotting“, кој на шега рече дека „Обединетото Кралство е начин да се спречи шкотланѓаните да владеат со светот“.

Меѓутоа, пејачката Сузан Бојл најави дека ќе гласа против, велејќи дека Шкотска може да го зачува својот славен идентитет и како дел од Британија.

Поранешниот менаџер на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, вели дека шкотите кои живеат во Англија – не живеат во туѓа земја.

– Ние сме дел од семејството на Обединетото Кралство – дециден е Фергусон.

Кампањата „за“ и „против“ отцепувањето на Шкотска, фрли светло и на културниот јаз помеѓу Шкотска и остатокот од Британија, оценува Асошиетед прес. Идејата за нова, енергична нација, која ќе излезе од сенката на доминантната Англија, ги привлече уметниците и поголемиот дел од креативната заедница во Шкотска. Повеќе од 1.300 шкотски писатели, музичари и уметници напишаа писмо, преку кое порачуваат дека независнота ќе пружи креативна слобода. Во британските интелектуални и уметнички кругови, патриотизмот веќе долго време не бил во мода, но можноста за распадот на земјата, ја разбуди заспиената страст за Обединетото Кралство, кое го сочинуваат Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Во кампањата „Да останеме заедно“ се ангажираа и други бројни звезди: Мик Џегер, Пол Макартни, Сајмон Кауел и Патрик Стјуард.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски