(ВИДЕО) Кличко: Во Киев во последната недела се родија 390 бебиња

Од:

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, преку видео им се обрати на своите граѓани.

„Ноќта помина релативно мирно. Системот за противвоздушна одбрана се вклучи неколку пати. Апелирам до сопствениците на приватните аптеки да ги отворат кој може бидејќи луѓето стојат во ред за лекови во јавните аптеки.

Потсетувам, отворени се два моста кои ги поврзуваат двете страни на градот, но доколку тоа не е потребно воздржете се од движење низ градот. За ваша безбедност. И не го игнорирајте алармот – штом ќе го слушнете, одете во прифатилиштето“, рече Кличко.

Кличко откри и дека во последните осум дена во Киев се родени 390 бебиња, 199 момчиња и 191 девојче. Тој додаде дека во зоолошката градина во Киев е роден лемур и дека го добил името Бајрактар ​​(турски дрон кој има проектили за уништување тенкови, именуван по зетот на Ердоган).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија