ВИДЕО: Ким Јонг Ун пристигна во Русија

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун утринава пристигна во посета на Русија, каде треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Ким влегол во Русија со личен воз и пристигнал на станицата Хасан откако ја преминал границата, изјавија извори блиски до руските власти, пренесе Кјодо.

Ким пристигна на посетата заедно со највисоките воени претставници кои раководат со фабрики за оружје и муниција, објави АП.

Средбата меѓу Путин и Ким ќе се одржи на далечниот исток на Русија, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Се уште не знаеме каде ќе се водат разговорите. На Далечниот исток“, рече Песков, наведувајќи дека разговорите ќе се одржат меѓу двете делегации, како и меѓу двајцата претседатели, по што ќе следи официјална вечера.

Севернокорејската новинска агенција КЦНА соопшти дека Ким заминал со воз во неделата попладне.

Војската на Јужна Кореја процени дека возот влегол на руска територија рано утринава, изјави Џеон Ха Гју, портпарол на Министерството за одбрана на Јужна Кореја.

Би можело да ве интересира

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Лидерите на Русија и Украина со јасни пораки за човекот кој жестоко ја критикуваше војната во Украина

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме