Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска со неговото блиндирано возило и тркачите обезбедувачи пристигна на својот прв состанок со рускиот претседател, Владимир Путин во Владивосток.
VIDEO: Kim Jong Un has arrived in Russia for a summit with Putin and his running bodyguards are back pic.twitter.com/7IUnrvKReL
— News Breaking LIVE (@NewsBreaking) April 24, 2019
Ким Џонг Ун во Русија пристигна со воз, а беше пречекан со оркестарот на воената гарда. Сепак, она што им го привлече вниманието на светските медиуми, покрај „високата политика“ е тркачката чета која го обезбедува севернокорејскиот лидер.
Околку десетина бодигарди на Џонг Ун, облечени во одела константно со трчање го следат автомобилот во кој се наоѓа нивниот лидер.