Катар ја прими првата серија борбени авиони од новата генерација „Ф-15“, произведени од САД и „Боинг“, во партнерство со оваа заливска држава.
Презентацијата се одржа вчера на церемонија во седиштето на „Боинг“ во американската држава Мисури, а присуствуваше и катарскиот секретар за одбрана, Халид бин Мохамед Ал Атијах, јавува телевизискиот канал „Ал Џезира“ на англиски јазик.
Министерот Ал Атијах кажа дека Катар купува авиони за одбранбени цели, додавајќи дека новите авиони имаат подобри спецификации за борба и се побрзи од постарите модели на „Ф-15“.
-Воведувањето на „F-15QA“ е многу важно, не само во поглед на способноста, туку и во однос на подобреното партнерство што го претставуваат, рече американскиот генерал Грег Гилот, командант на Деветтата американска авијација, пренесоа американските медиуми.
„Односот што САД го споделуваат со Катар е клучен за стабилноста и безбедноста на централната командна област на одговорност и ние сме благодарни што нашите коалициски партнери продолжија да се фокусираат на градење на интероперабилност и комбинирана подготвеност“, додаде генералот.
Катар во 2017 година потпиша договори за купување воени авиони од САД и некои европски земји, по избувнувањето на политичкиот спор меѓу нив и нивните соседи – Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Бахреин.
Откако завојуваните земји од Заливот воведоа блокада на Доха, тие се согласија со Вашингтон и „Боинг“ да купат најмалку 30 авиони опремени со најнови технички средства.
Експертите велат дека новите борбени авиони „F-15QA“ се меѓу најдобрите според брзината и маневрирањето при офанзивни и одбранбени мисии.
„Боинг“, пред испораката, од лани обзебеди пилотска обука и одржување и логистичка поддршка на катарската програма „F-15QA“.
Покрај тоа, „Боинг“ до 2024 година ќе воспостави и ќе управува со Центар за обука и одржување на екипажот на Воздухопловните сили на Катар, во воздухопловната база „Ал Удеид“, а воендо ќе обезбедува и резервни делови во земјата и логистичка поддршка по испораката на авионот, наведуваат американските медиуми.