Екстремистичката група ИСИС објави нов видео запис на кој британскиот заложник Џон Кантли порачува дека наскоро ќе биде убиен, како и неговиот поранешен колега од келијата Американецот Џејмс Фоли.
Кантли на почеток на снимката се претставува како британски граѓанин, кого владата го напуштила. Потоа вели дека во детали ќе ги опише околностите на неуспешниот обид на американската влада, да ги спаси него и другите заложници.
-Зошто ги загрозивте сите тие животи , кога можевте мирно да преговарате како и сите останати? Зошто воената опција секогаш е прв избор на нашата држава-прашува Кантли на снимката. Според неговите зборови тој верува дека ќе биде убиен исто како и останатите заложници.
Е. Г.