ВИДЕО: Како изгледа пресретнувањето на дроновите, Израел објави снимка

Од:

Израелската војска објави снимка од тоа како изгледало пресретнувањето на проектилите и дроновите во ноќешниот напд од Иран на територијата на Израел.

-Вака изгледа стапката на пресретнување од 99%. Оперативни снимки од воздушниот одбранбен систем кој го штити израелскиот воздушен простор, се вели во објавата на израелската војска.

Според информациите кои ги објави војската на Израел, Иран лансирал над 300 дронови и проектили, но 99 порценти биле пресретнати. Израел соопшти дека во нападот е повредено едно седумгодишно девојче кое е во кртична состојба.

Иран пак информираше дека нападот ги исполнил целите, а тоа е уништување на две локации – „разузнавачкиот центар што им ги дал на ционистите потребните информации“ за нападот што го уништи иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, како и „воздухопловната база Новатим, од каде што полетаа авионите Ф-35 полета“ кои бомбардираа.

Би можело да ве интересира

Израелската војска е обвинета за егзекуции на медицински работници во Појасот Газа

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса