(ВИДЕО) Израел изврши серија воздушни напади врз јеменското пристаниште Ходеида во западен Јемен

Од:

Израелската војска изврши серија воздушни напади врз јеменското пристаниште Ходеида во западен Јемен.

„Израелски воени авиони извршија серија напади врз пристаништето Ходеида, предизвикувајќи пет силни експлозии“, изјави извор за руската новинска агенција РИА Новости.

Според агенцијата, во пристаништето избувнал голем пожар. Снимките од нападот циркулираат на социјалните мрежи.

Израелската војска ги потврди нападите, велејќи дека тие биле извршени како одговор на ракетен напад од страна на движењето Ансар Алах (Хути). Минатата недела, израелските сили го бомбардираа јеменскиот главен град Сана и северозападната покраина Ал-Џаф.

Од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година, Хутите, бунтовничка група сојузничка со Иран, пукаа врз Израел и бродови во Црвеното Море, во она што тие го нарекуваат акти на солидарност со Палестинците.

Би можело да ве интересира

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

„Телеграф“: Хутите подготвуваат напад за преземање контрола врз целиот Јемен

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

ВИДЕО: Погоден деловен облакодер на „Арамко“ во Ријад

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош