(ВИДЕО) Избори во Шпанија на плус 40: Вентилатори и шишенца со вода на биралиштата

Од:

Шпанија се подготви за денешните парламентарни избори поставувајќи вентилатори на избирачките места поради големите горештини, а во исто време собира гласови по пошта од гласачите кои се на плажите и на одмор во странство. Одлуката на шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез да ги распише изборите на нетипичен летен ден, наместо во декември, ги поттикна властите да воведат посебни мерки.

Шпанија пред неколку дена ја зафати трет топлотен бран, а тамошната метеоролошка служба АЕМЕТ очекува температури меѓу 38 и 41 Целзиусови степени на истокот, југот и центарот на земјата. „Со денови тешко дишеме поради жештините. Луѓето навистина не сакаат да излегуваат надвор ако не мораат“, вели Хина, 55-годишна сопственичка на ресторан во Аликанте, крајбрежен град каде температурата во петокот беше 40 степени.

Локалните власти во блискиот град Торент инсталираа 61 вентилатор во локалните училишта каде гласачите ќе го дадат својот глас. Многу простори немаат вградени клима уреди, што го отежнува спроведувањето на изборите.

Во главниот град Мадрид, чиј центар главно го посетуваат странски туристи се поставени 2.700 вентилатори и прскалки за вода. Итните служби го зголемија своето присуство и нивните возила ќе бидат паркирани во близина на гласачкото место. Тие ги повикуваат жителите, особено постарите, да пијат што повеќе вода. Во Албасете, град во централна Шпанија, на избирачките места ќе им бидат поделени 3.000 шишиња вода.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски