Италијанската премиерка наседна на лажен повик: Уморни сме од Украина

Од:

Италијанската премиерка Џорџија Мелони зборуваше за меѓународниот замор од конфликтот во Украина и недостигот на поддршка за Италија во справувањето со миграцијата во телефонски разговор со руски „пранкери“, пренесе Ројтерс.

13-минутното аудио од повикот, кое датира од септември, беше објавено на интернет во средата од Русите Вован и Лексус, кои измамија други западни политичари и познати личности во обидот да извлечат од нив искрени и невнимателни коментари.

Кабинетот на премиерката Мелони во соопштение рече дека жали што бил измамена од пранкер кој се претставил како шеф на Комисијата на Африканската унија. Се вели дека повикот бил упатен на 18 септември пред состаноците со африканските лидери на Генералното собрание на Обединетите нации.

Запрашана за руската војна во Украина, Мелони, зборувајќи на англиски, рече: „Гледам дека има многу замор, морам да ја кажам вистината, од сите страни. Блиску сме до моментот кога сите ќе разберат дека ни треба излез“.

– Проблемот е да се најде решение кое може да биде прифатливо и за двете страни, без да се уништи меѓународното право, додаде таа.

Зборувајќи за позицијата на Италија како прво пристаниште за многу мигранти кои го преминуваат Медитеранот, Мелони изрази жалење што меѓународните партнери не прават доволно за да помогнат.

– Сите се согласуваат дека Италија мора сама да го реши овој проблем. Ова е многу глупав начин на размислување, рече италијанската премиерка.

„Пранкерот“ Лексус, или Алексеј Столјаров, рече дека Мелони е барем некоја која е подготвена да го сподели своето вистинско мислење.

„За жал, за разлика од неа, многу европски политичари се однесуваат како некој вид програмирани роботи и изразуваат позиции кои се изразени само во нивните кругови“, изјави тој за Ројтерс по телефон. Тој разговарал додека Вован го слушал разговорот со Мелони, објасни тој.

Мелони, која е премиерка на Италија една година, се раздели од својот партнер-телевизиски водител минатиот месец, откако видеата од неговата програма покажаа дека тој користи непристоен речник и се чини дека и се додворува на колешка.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков