ВИДЕО: Италијанците бегаат од Милано пред изолацијата на северна Италија

Од:

Италијанците во обид да ја избегнат епидемијата на коронавирусот во северниот дел на земјата синоќа се снимени како трчаат кон возови, само неколку часа пред да започне големата изолација во тој дел од земјата.

Во видеото, кое на социјалните мрежи го објави Матео Салвини, лидер на Лигата и поранешен италијански вицепремиер, се гледа сцена снимена на железничката станица во Милано Порта Гарибалди каде стотици патници со багаж брзаат кон возови откако синоќа беше објавена вест за планираниот карантин.

– Милано, Порта Гарибалди: маса на луѓе во доцните вечерни часови брзаат кон последниот возови кои ја напуштаат Ломбардија, по нацрт-декретот за коронавирусот што го издаде Владата, напиша Салвини.

Метежот се случи откако италијанскиот премиер Џузепе Конте потпиша наредба со која до 3 април се во карантин Ломбардија и уште 14 провинции, во кои живеат повеќе од 15 милиони луѓе. Ломбардија, чија финансиска престолнина е Милано е најбогатиот и најнаселен регион во Италија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он