Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

Од:

Истрагата на државната полиција и Обвинителството во Неапол треба да ја расветли смртта на деветмесечно бебе, кое синоќа е убиено од семејниот питбул во првинцијата Ачера.

Според досегашната истрага, таткото на детето, 25-годишник од тоа место, првично дал поинаква верзија за настанот.

Откако го однел детето во блиската клиника „Вила деи Фиори“, изјавил дека ќерката била нападната од куче скитник.

Подоцна ја сменил изјавата во полиција, велејќи дека заспал покрај бебето и кога се разбудил, го нашол детето во локва крв, извалкано од семејниот питбул, кој фатално и ги повредил лицето и екстремитетите.

Кога девојчето пристигнало го однеле во Итната помош на клиниката, нејзината состојба веќе била критична, па и покрај напорите на лекарите да ја спасат, таа починала набргу по приемот.

Оваа трагедија ја потресе целата заедница. Како што изјавија некои соседи за Fanpage.it, пред околу една година истиот питбул, заедно со уште едно куче од семејството, нападнале и убиле друго куче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

Полицијата во Рим приведе повеќе од 200 млади лица кои се обидoa да предизвикаат немири

A1on

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ВИДЕО: Мелони со војска го брани Милано од демонстрантите

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Не можете да ги палите градовите – Мелони по нередите во Милано

Катерина Ѓуровски

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ