ВИДЕО: Истрелани десетици ракети од Либан кон Израел

Од:

Околу 50 ракети беа истрелани од јужен Либан кон Израел, поточно Горна Галилеја, објавија израелските медиуми.

На снимката од социјалните мрежи се гледа како над таа област се активира израелскиот одбранбен систем „Железна купола“.

Во знак на поддршка на нашиот палестински народ во Појасот Газа и поддршка на нивниот храбар и чесен отпор, како одговор на нападите на израелскиот непријател врз непоколебливите јужни села и безбедни куќи, особено на нападите врз селата Кафр Кила и Деир Сирија во кој беа повредени цивили, Исламскиот отпор ја вклучи новата населба Беит Хилел во распоредот на гаѓања и за прв пат ја бомбардира со десетици ракети од типот Катјуша“, се вели во соопштението на Хезболах.

Израел засега не го коментира инцидентот, а нема информации за жртви.

Америка и Велика Британија ги повикаа своите граѓани да го напуштат Либан поради зголемените стравувања од сеопфатна војна меѓу Израел и либанскиот Хезболах. Амбасадата на Соединетите Држави во Либан ги повика своите граѓани да резервираат „секој достапен авионски билет“ за да го напуштат Либан.

„И покрај откажувањето на летовите за Бејрут, опциите за комерцијален пристап за напуштање на Либан сè уште се достапни“, се вели во соопштението на амбасадата.

Британската влада ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан, додека комерцијалните линии се сè уште достапни.

„Тензиите се високи и ситуацијата може брзо да се влоши. Мојата порака до британските граѓани е јасна: „Заминете веднаш“, изјави шефот на британската дипломатија Дејвид Лами.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“