(ВИДЕО) Исповед на заложници од Сиднеј: Ако побегне некој, друг ќе загине

Од:

Заложниците од кафулето „Линт“ во Сиднеј, кои беа киднапирани од лажниот шеик терористот Ман Харон Монис, по завршување на драматичната полициска акција за спасување раскажуваат како некои од нив успеале да побегнат кога вооружениот киднапер им го свртел грбот.

Кога светските медиуми објавија снимки од поединци и мали групи луѓе како во страв излегуваат од кафулето, во прв миг изгледаше дека грабнувачот ги ослободил, но подоцна е потврдено дека тие побегнале поради негово невнимание.

Но токму тие бегства го изреволтирале и тој на останатите им се заканил со одмазда.

Додека Монис ги држел на нишан, еден заложник, деветнаесет годишно момче, морало да се јави на новинарите и да им ја пренесе пораката на грабнувачот:„Доколку уште некој побегне, ќе има жртви“.

550449_otmica-konobarica-sidnej06-foto-ap_f

-Го држи пиштолот до мојата глава и се што сака е да му се исполнат барањата. Сите стравуваме, потребна ни е помош, но ќе ја добиеме само доколки бидат исполнети неговите услови – рекло момчето во телефонскиот повик за „Дејли меил“, додека животот му бил во опасност.

Неговиот телфонски повик следел откако петмина заложници во понеделник околу 9:30 часот успеале да побегнат преку излез кој е наменет за евакуација при пожар.

Дваесет и двегодишната Ели Чен која работела во кафулето, била меѓу оние кои успеале да побегнат. Со солзи на очите влетала во прегратките на еден полицаец.

550537_sidnej-talacka-kriza-5ap_ff

Експлицитните и детални Монисови барања, заложниците по пат на СМС пораки ги испраќале на своите семејства и ги објавувале на своите профили на социјалните мрежи.

На една од трите видео снимки кои што се поставени на„Јутјуб“, во кои три жени го декламираат барањето на самопрогласениот исламски лидер, средовечна жена стои пред импровизираното знаме на ИСИС.

-Братот не чува сите нас, многу сме уморни, овде имаме и бремени жени, стари и болни и доста млади лица кои заслужуваат пристоен и нормален живот – дели таа и додава дека Монис стои покрај неа и дека не смее да каже ништо повеќе за да не се доведе во опасност и себеси и останатите заложници. На крајот од своето обраќање таа упатува апел до полицијата и австралиската јавност.

Семејствата и пријателите на заложниците известувале за пораките кои ги добиле од своите најмили во кои предупредуваат дека бомби се сокриени во градот и дека двајца „браќа“ ќе ги активираат доколку барањата не бидат исполнети.

Мел, мајка на едно момче за радио „2 ГБ“ изјавила дека добила порака од синот дека е во кафулето „Линт “ во Сиднеј.

-Срцето ми застана, му испратив порака за да ми каже што се случува и дали е добар. Ми одговори и потоа не го слушнав –рекла таа.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча