Џихадисти од самопрогласена Исламска држава објавија нов пропаганден видео запис, на кој се гледа како во Казахстан регрутираат деца и ги подготвуваат за војна.
Станува збор за камп во кој децата учат боречки вештини, но и како да ракуваат со оружје. Според зборовите на возрасните џихадисти од снимката овие деца се муџахедини на иднината.
Децата уште сега зборуваат дека се подготвени да ги колат неверниците и се закануваат дека ќе ги убијат сите оние кои се против нивната идеологија.
Од видео записот се гледа и воената обука низ која поминуваат овие деца, меѓу кои се наоѓа и едно момче кое нема повеќе од четири години.
На прашањето што планираат да прават во иднина, децата велат дека ќе станат муџахедини и порачуваат дека ќе ги убијат сите неверници.
Е. Г.