ВИДЕО: Иранци направија реплика на американски дрон

Од:

Иранската телевизија објави дека нивни воени инженери направиле реплика од американскиот дрон, кој беше урнат во 2011 година над таа држава.

Наводно Техеран дошол до воениот дрон „RQ-170 Сентинел“, кој бил вршел шпионажа над иранските нуклеарни постројки, ја презеле контролата над леталото и успешно го приземјиле во пустина.

Од друга страна Вашингтон тврди дека дронот се урнал поради техничка неисправност.

Ирански воен функционер уште во мај изјави дека нивните инженери успешно ја копирале технологијата од дронот и дека направиле совршена реплика, а го најави и пробниот лет кој беше изведен деновиве.

-Како што ветивме, го објавивме летот, а наскоро ќе објавиме и филм од тој лет -рече генерал Амир Али Хаѓизадех, командант на иранската Револуционерна гарда.

Инаку Иранци од 2010 година работат на производство на воени дронови и тврдат дека нивните летала може да послужат како платформа за испалување проектили на домет од 1.000 километри.

Исто така Техеран инсистира дека нивните воени програми како оваа, се наменети исклучиво за одбрамбени задачи.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел