(ВИДЕО) Инцидент во Лондон: пожарникари во скафандери изнесоа од авион патник заразен со корона

Од:

Во авион на компанијата Рајaнер кој требало да полета од Англија за Италија, патниците биле сведоци на вознемирувачка сцена во моментот кога пожарникари наеднаш влегле во авионот за да изнесат патник кој влегол во авионот, иако додека бил на аеродромот, добил СМС-порака дека е позитивен на коронавирусот.

На видеото се гледа тензичната ситуација кога вработените од противпожарната служба на аеродромот Станстед близу Лондон, облечени во скафандери, влегуваат и бараат од патникот да го напушти авионот, додека другите патници вознемирено гледаат што ќе се случи.

Патникот и негов придружник биле изнесени од авионот пред самото полетување. Двајцата биле во авионот заедно со другите патници помалку од десет минути, но нивното присуство го одложило полетувањето на авионот за Пиза за час и половина, бидејќи морало да се дезинфицира внатрешниот простор, пренесуваат локалните медиуми.

Од авиокомпанијата Рајанер соопштија дека ризикот од заразување со вирусот е минимален, бидејќи членовите на екипажот, како и другите патници, носеле маски пред и за време на качувањето во авионот. Тие појаснија дека патникот заразен со вирусот бил претходно информиран преку СМС-порака за резултатот на тестот, но дека сепак одлучил да влезе во кабината.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он