ВИДЕО: Илјадници Полјаци на улица против „Полегзит“

Од:

Десетици илјади Полјаци излегоа денеска на улиците да го бранат членството на земјата во Европската унија, по одлуката на полскиот Уставен суд донесена во петокот кој го оспорува првенството на правосудниот систем на ЕУ со што се продлабочуваат несогласувањата меѓу Варшава и Брисел.

Одлуката не ја признава надреденоста на законите на ЕУ над полските, и може да биде првиот чекор на патот кон излегувањето на Полска до Унијата, бидејќи се очекува дека од Брисел ќе следат реакции и санкции за Варшава.

Аналитичарите во ваквата полска одлука го гледаат почетокот на „правниот Полегзит“, што владата во Варшава го демантираше.

Полјаците кои ги поддржуваат опозициските партии се мобилизираа против идејата веќе наречена во медиумите „Полегзит“ алудирајќи на процесот на истапувањето на Велика Британија од ЕУ – „Брегзит“, на повик на поранешниот полски премиер и претседател на Европскиот совет, Доналд Туск.

„Десетици илјади луѓе во Варшава и во повеќе од сто полски села и градови дојдоа да протестираат против она што владата ѝ го прави на нашата татковина“, рече Туск.

Членството во ЕУ и натаму има голема поддршка меѓу Полјаците доколу им се верува на анкетите, пишува AFP. Но агенцијата забележува дека односите меѓу Варшава и Брисел остро се влошија откако во 2015 година на власт дојде конзервативната партија Право и справедливост.

Последните несогласувања се однесуваат на правосудните реформи коишто полската влада сака да ги спроведе во намерата да ги раскине сите врски со комунистичкото минато. Меѓутоа, во ЕУ оценуваат дека реформите ќе ја загрозат независноста на правосудството и ќе доведат до слабеење на демократските слободи и владеењето на правото.

Брисел веднаш реагираше преку претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

„Нашите договори се јасни. Сите одлуки на Судот на правдата на ЕУ се задолжителни за властите на земјата членка, па така и за националните судови. Законите на ЕУ се надредени над националните закони, па и оние за уставните одредби“, инсистираше фон дер Лејен, додавајќи дека тоа го „признаваат сите земји членки на ЕУ“.

Во септември Европската комисија бараше Европскиот суд на правдата (ECJ) да ја казни Полска поради неимпелентирање на пресуда за укинувањео на дисциплинскиот совет на нејзиниот Врховен суд. ECJ сѐ уште не одговори на тоа барање.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад