ВИДЕО: Илјадници плишани играчки за децата од подрачајата погодени од земјотресите од навивачите на Бешикташ

Од:

Бешикташ и Анталијаспор одиграа без голови, но главна вест се навивачите на турскиот гигант кои го одушевија светот откако фрлија на теренот илјадници играчки кои треба барем малку да им ги разубават моментите на децата што останаа без дом и без семејства по катастрофалните земјотреси во Турција.

Точно во 04:17 минути од почетокот на мечот, тие ги фрлија играчите на теренот и привремено го прекинаа натпреварот. Тоа е асоцијација на 04:17 часот наутро, кога се случи разорниот земјотрес во јужниот дел од Турција.

Според последните информации кои ги објавија турските власти денеска, во разорните земјотреси загинаа над 44 илјади луѓе, илјадници се раселени, а многу живеат во импровизраните градови со шатори и контејнери.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски