Колумбиец сакаше да се испроба во борба со бикови, но едвај извлече жива глава.
Обидот заврши лошо, а најмалку 30 луѓе се повредени, меѓу кои има и деца.
Станува збор за коралехи, верзија на шпанската корида, во која публиката може да се натпреварува.
Едно момче реши да си ја проба среќата, но бикот го собори на земја и го прободе неколку пати.
Голем број од гледачите на трибините влегоа во арената за да се обидат да го спасат.
Влегоа и мажи на коњи, но бикот повреди и неколку од нив.