ВИДЕО: Хезболах се пофали дека првпат употребил нова ракета во напад на Израел

Од:

Како што пренесуваат либанските медиуми блиски до Хезболах, Хезболах во нападот на израелската позиција во Џал Ал Алам првпат ја употребил ракетата што ја нарекле Буркан.

Видеото објавено на социјалните мрежи покажува проектил, а потоа и силна експлозија во израелски воен објект.

Хезболах во соопштение објави дека ги нападнале Џал Ал-Алам, Ал-Џарда, Хадб Ал-Бустан, Малкија и позициите „Метула“. Покрај тоа, тие тврдат дека собориле израелско летало за надзор над Мисгав Ам.

Тие истакнаа дека истовремено гаѓале и израелски воени локации, а најинтензивните од овие напади биле насочени кон локацијата Џал Ал Алам.

Израел одговори со најжестоките воздушни напади врз позиции на Хезболах во јужен Либан досега.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“