(ВИДЕО) Хаос во Турција: Луѓето крадат од напуштени продавници, Ердоган се заканува со „цврстата рака на државата“

Од:

Бројот на жртвите од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија надмина 25.000 и може дополнително да се зголеми додека спасувачките тимови пребаруваат низ урнатините на илјадниците урнати згради. Повеќе од 80.000 луѓе беа повредени во двата разорни земјотреси што во понеделникот го погодија регионот. Тензијата меѓу граѓаните се повеќе расте, бидејќи тагата почнува наизменично да се менува со гнев, а надлежните се справуваат со зголемен број кражби.

Според последните информации, поради безбедносни ризици привремено се прекинати спасувачките операции на австриските и германските војници, додека хрватскиот тим добил предупредување дека „тензиите се зголемуваат“.

Првите видеа од грабежите се појавија пред два дена на социјалните мрежи, а на една од нив може да се забележат луѓе како кршат заштитни огради и влегуваат во продавницата со мобилни телефони.

Иако нема официјална потврда дека се работи за автентични снимки, Турците на социјалните мрежи се очајни и гневни на оние кои ја користат оваа тешка ситуација.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека владата ќе дејствува против луѓето кои ограбуваат и вршат други злосторства во области погодени од разорни земјотреси.

-Тоа значи дека отсега цврстата рака на државата ќе допре до луѓето кои ограбуваат или киднапираат – рече турскиот претседател, додавајќи дека во петокот имало грабеж во регионот Хатај.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски