Во Перу демонстрантите денеска повторно ги блокираа патиштата и покрај тоа што владата прогласи вонредна состојба за да ги запре насилните протести.
Протестите се одржуваат поради соборувањето на актуелниот претседател Педро Кастиљо.
#AméricaSeEntera
Se recrudece la tensión social en Perú tras la destitución del expresidente Pedro Castillo. Se decreta estado de emergencia por 30 días en un intento por frenar la ola de violencia en las calles. pic.twitter.com/l1BlaldAjB— Nuestra Tele Internacional (@NuestraTeleInt) December 15, 2022
По разрешувањето на Кастиљо, во Перу започнаа протести во кои загинаа најмалку осум лица.
Кастиљо, левичар избран во 2021 година, беше соборен на 7 декември од Конгресот, кој гласаше за негово отповикување и веднаш беше уапсен откако незаконски се обиде да го распушти Конгресот.
Заменичката на Кастиљо, Дина Болуарте, стана претседател на Перу по неговата смена.
Обвинителите бараат 18 месеци затвор за Кастиљо, кој е обвинет за бунт и заговор, а Врховниот суд на Перу има рок до петок да донесе одлука.
Кастиљо ги негираше обвинувањата.
Работничката конфедерација на Перу, еден од најголемите синдикати во земјата, повика на ден акција поради протестите кои бараат распуштање на Конгресот, оставка на Болуарте и предвремени избори.