ВИДЕО: „Градот на светлината“ се дави во ѓубре, парижани бараат градоначалничката да си оди

Од:

Илјадници фотографии, видеа и објави на социјалните мрежи поврзани со кризата со одлагањето на комуналниот отпад во Париз беа објавени во изминатите неколку дена, а гневните жители на француската престолнина главно ја обвинуваат градоначалничката Ан Идалго дека е виновна за проблемот.

Парижаните велат дека градоначалничката ги напуштила и „ги оставила да живеат на депонија“.

Според властите, до проблемот дошло откако бројот на работници за отстранување на ѓубрето, кој и онака бил далеку пренизок за еден град со толкава големина, за време на пандемијата се намалил уште за десет отсто. Градот најави дека ќе започне акција за чистење, но и ги повика граѓаните да покажат одговорност и љубов кон градот и да не фрлаат ѓубре насекаде.

Ан Идалго во 2014 година стана првата жена-градоначалник на францускиот главен град, а минатата година го освои вториот мандат, кога претстави амбициозен план за намалување на загадувањето во градот, промоција на велосипедска инфраструктура и пешачките зони, како и проширување на зелените површини.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано