ВИДЕО: Градоначалникот на Мајами заразен со коронавирус

Од:

Градоначалникот на Мајами, Франсис Суарес се заразил со коронавирус по средбата со бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, објави весникот „Мајами Харалд“.

Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, се сретна со Болсонаро пред неколку дена за време на неговата посета на САД.

– Кај градоначалникот на Мајами, Франсис Суарес е потврден позитивен тест за Ковид-19, пишува весникот, повикувајќи се на изјава на градоначалникот.

Суарес пред четири дена присуствувал на средба со бразилската делегација, во која кај еден од членовите бил откриен новиот коронавирус.

Во меѓувреме, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро демантираше и објави на својот Фејсбук профил дека не е носител на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски