(ВИДЕО) Гори мостот што го поврзува Крим со Русија, дел веќе пропадна, а Киев порача: „Ова е само почеток“

Од:

Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак на Твитер објави слика од запалениот мост со коментар дека ова е „само почеток“.

– Камион е разнесен на Кримскиот мост. Два автомобилски траки на мостот делумно се урнаа, а лакот над пловниот дел од мостот не е оштетен – пишува РИА Новости на својот канал Телеграм.

По разорната експлозија, возачите од Крим се упатија кон бензинските пумпи во страв од недостиг на гориво.

Новите фотографии покажуваат дека железничките вагони на мостот се уште горат, а еден дел од автопатот опасно виси и се повеќе попушта.

На социјалните мрежи почнаа да се шират и видеа на кои се гледа како камион експлодира во близина на сега веќе оштетениот мост.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород