(ВИДЕО) Големи судири меѓу полицијата и демонстрантите во арапскиот кварт во Берлин, има многу повредени

Од:

Во конфликт меѓу полицијата и учесниците на забранетите пропалестински протести во Берлин во ноќта од средата кон четвртокот, приведени се 174 лица, додека 64 полицајци се полесно повредени, а еден е тешко повреден, соопшти полицијата во Берлин. Во средата вечерта се одржа собир во берлинскиот кварт Нукоелн, каде што живеат голем број луѓе од арапско потекло и покрај забраните за пропалестински протести.

По тој повод демонстрантите со пиротехнички средства ги нападнаа полицајците и фрлаа со камења и шишиња. Демонстрантите фрлале предмети од прозорците на улица и запалиле контејнери за ѓубре и автомобили, снимајќи се со своите мобилни телефони. Нападнати беа и неколку новинари, кои демонстрантите ги обвинија дека работат за „лажливите медиуми“. Ситуацијата се смири дури по полноќ.

Полицискиот синдикат GdP остро ги осуди немирите на улиците на Берлин и ги нарече „верска војна“. Откако палестинската милитантна група Хамас започна напади врз Израел, имаше бројни пропалестински протести во Берлин и други германски градови, при што некои учесници навиваа за Хамас или извикуваа антисемитски слогани.

Германските власти во голема мера ги забранија собири или демонстрации со кои се изразува поддршка за палестинската кауза или се критикува Израел, и се преселија на сузбивање на нелегалните собири. Повеќето од арапските жители на областа Нукоелн дојдоа во Германија или за време на граѓанските војни во Либан кон крајот на седумдесеттите години на минатиот век или како дел од мигрантскиот бран во 2015/2016 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Путин фрли бомба врз Берлин

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

Медведев: Може да се случи „Мајдан“ во Берлин

Трактори го окупираа центарот на Берлин

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири во Германија: Изгоре дом, нападната станица, 300 уапсени, повредени полицајци

А1он