ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Од:

Обилни врнежи вчераутро го поплавија Кан, град на француската ривиера познат по филмскиот фестивал.

Огромни порои се спуштаа по патиштата, носејќи возила зад себе. Никој не загина, за разлика од катастрофалните поплави во југоисточниот дел на Франција пред девет години кога загинаа 19 лица, а десетици илјади останаа без струја.

Ситуацијата се стабилизираше во текот на вчерашниот ден, а невремето продолжи да се движи кон исток, соопшти портпаролот на градското собрание.

Градоначалникот Дејвид Лиснард изјави за BFM TV дека ќе побара објаснување од другите власти бидејќи градот го добил предупредувањето само еден час по почетокот на бурата. Тој потврди дека многу брзо е формиран кризен штаб и дека итните служби ја санирале штетата на терен, пренесува Ројтерс.

Поплавите предизвикаа големи проблеми низ Европа во последните недели. Најмалку 17 лица загинаа во Романија, Полска, Чешка и Австрија во најтешките поплави што ја погодија централна Европа во последните две децении.

Би можело да ве интересира

Маркова Река се излеа во село Батинци, нема потреба од евакуација

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму