(ВИДЕО) Голем собир во Вашингтон во чест на 50-годишнината на маршот на Мартин Лутер Кинг

Од:

Американскиот претседател Барак Обама и поранешните претседатели Бил Клинтон и Џими Картер ќе бидат клучни говорници на денешниот голем собир во центарот на Вашингтон, пред споменикот на претседателот Абрахам Линколн, во чест на 50 годишнината од Маршот на Вашингтон.

На историскиот марш во 1963 година околу 250.000 луѓе, главно Афроамериканци, се собраa во Вашингтон да побараат укинување на законите во сојузните држави на југот со кои училиштата се држеа расно поделени, се ограничуваше нивниот пристап до услугите на ресторани, кафулиња и други компании и да побараат закони за антидискриминација при вработувањето.

Маршот веќе беше одбележан со голем собир во саботата, на кој зборуваше Мартин Лутер Кинг Третиот, синот на легендарниот свештеник и афроамерикански водач кој беше убиен во Мемфис во 1968 година, три години откако Конгресот изгласа закони со кои се забрануваат многу форми на дискриминација врз основа на пол и раса и се намалуваат ограничувањата на правото на глас на афроамериканските граѓани.

Пред 50 години  Мартин Лутер Кинг го одржа познатиот говор пред 250 илади луѓе,насловен „Јас имам сон“.

-Ако имаме сон, значи дека имаме визија не само за себе туку за сите нас. Тој пат мора да биде слободен и по него да чекорат слободни луѓе.

Обама, Клинтон, Картер и членови на семејството на Кинг заедно ќе заѕвонат ѕвона точно во три часот, кога почнал говорот на Мартин Лутер Кинг, во чест на неговиот повик ‘нека  ѕвони слободата’ низ цела Америка.

Предвидено е низ голем број градови на САД, во истото време да одекнат ѕвоната на црквите, како и да се организираат собири во чест на маршот на Вашингтон.
Се очекува Обама да го искористи обраќањето на собирот да даде конкретни економски и политички предлози за иднината, во духот на собирот во 1963 година. Белата куќа најави дека претседателот ќе се фокусира на напорната работа која претстои пред нас, за да се следат идеалите поставени од Мартин Лутер Кинг.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски