(ВИДЕО) Глад во Газа: По шест часа се чека за векна леб

Од:

Хуманитарната катастрофа во Газа добива се позагрижувачки размери. Хуманитарните организации и Обединетите нации секојдневно предупредуваат дека Израел ја блокира хуманитарната помош за северниот дел на Газа и дека жителите на енклавата, особено раселените се соочуваат со огромен недостиг на храна.

Во снимка објавена од британскиот „Гардијан“ се гледаат огромни турканици меѓу луѓето кои се обидуваат да дојдат до леб. На видеото луѓето сведочат дека за леб чекаат по шест часа. Дополнително, раселените во Газа се соочуваат со недостиг на чиста вода, лекови и медицинска помош со оглед дека најголемиот дел од болниците беа разурнати во ираелските напади.

Би можело да ве интересира

Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците