(ВИДЕО) Глад, болести, урнатити и штета од 30 милијарди долари – Во Газа е се полошо

Од:

Војната во Газа резултираше со штета од 30 милијарди долари и уништување на 80 отсто од зградите во градот Газа, соопшти денеска канцеларијата за медиуми под контрола на Хамас.

Вкупните штети се на станбени објекти, стопански објекти и инфраструктура како патишта, електрична мрежа и водоводи и канализации, соопшти Управата. Информацијата не можеше да се потврди независно.

Дел од израелското војување вклучува масовно бомбардирање на градови и населени места во густо населениот Појас Газа.

Сојузниците како што се САД го критикуваа интензитетот на израелската воена акција, која предизвикува бројни жртви меѓу цивилното население. Израелската војска соопшти дека има намера да го уништи Хамас и да ги ослободи заложниците.

Израел вели дека Хамас се крие зад цивилното население и управува со воени инсталации, складишта за оружје и командни центри среде станбени области.

Израел смета дека е неопходно да се уништи мрежата од тунели долги неколку стотини километри што ја создаде Хамас. Бункерите и тунелите често се наоѓаат под цивилни објекти како што се болниците тврди Израел.

Досега во израелските воени операции се убиени повеќе од 30.000 Палестинци, од кои повеќето жени и деца.

Населението живее во катастрофални услови, страда од неухранетост, дехидрација, заразни болести, недостиг на лекови, а многу болници се уништени, оставајќи ги луѓето без никаква грижа, а децата умираат од глад.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски