ВИДЕО: Францускиот премиер Кастекс ја прими првата доза од вакцината на „АстраЗенека“

Од:

Премиерот на Франција, Жан Кастекс, денеска ја прими првата доза од вакцината на компанијата „АстраЗенека“ во болницата Бегин, во Сен Манде, близу Париз.

Вакцината треба да ги увери Французите во нејзината исправност, по краткиот прекин на имунизацијата со неа против Ковид-19.

-Не почувствував ништо, иако сум малку нежен, коментираше 55-годишниот премиер.

Два часа порано, Високиот орган за здравство (ХАС) даде зелено светло за продолжување на вакцинацијата „без одлагање“ со вакцината на „АстраЗенека“, истовремено препорачувајќи таа да биде резервирана за лица на возраст од 55 години и повеќе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција