(ВИДЕО) „Форбс“: Се што велат за пожарите во Амазон е погрешно

Од:

Светската вознемиреност од пожарите во Амазон е непотребна, пожари таму секогаш имало, сечата на шумите е намалена и Амазон не е „бели дробови“ на Земјата, дознава бизнис изданието „Форбс“.

Во својот денешен извештај за пожарите базиран на експерти и новинари кои известуваат од теренот, изданието дознава дека Амазон при фотосинтеза навистина создава многу кислород, но дека истиот целосно го троши во процес на респирација, при оксидација на органски елементи во самата прашума.

-Некои луѓе отфрлаат со рака на митот за „белите дробови“. Но главната идеја е дека во моментов нема зголемување на пожарите во Бразил, коментира изданието.

„Форбс“ се повикува на алармирачките наслови на „Си-Ен-Ен“ или „Њујорк тајмс“, дека „Пожарот во Амазон урива рекорди“, додека водечките репортери пишуваат „Пожар без преседан во изминатите 20 илјади години“.

Сепак, статистиката укажува сосема друга слика, дознава изданието.

-Додека бројот на пожари во Бразил годинава навистина се зголемил за 80 отсто, споредбено со 2018 година, тој е само 7 отсто повисок отколку просечниот број на шумски пожари во изминатите 10 години, изјави Ден Непстед, водечки експерт за прашумата Амазон.

Еден од водечките бразилски новинари во областа на екологијата, Леонардо Кутињо, укажува дека за време на претседателот Лула и министерката за екологија, Марина Силва (2003-2008 година), во Бразил имало најмногу пожари.

-Но никој тогаш не беше обвинет дека тоа е ризично за Амазон, изјави Кутињо.

Според новинарот, зголемените 7 отсто се пожари на ниското и суво грмушесто растение и на запалените стебла сечени за зголемување на земјоделски обработливото земјиште. Сечата на шумата била намалена за 70 отсто од 2004 до 2012 година, иако малку се зголемила во меѓувреме “но дека тоа е само четвртина од максимумот во 2004“ година.

Форбс дознава дека многу познати политичари, актери и спортисти, како францускиот претседател Емануал Макрон, фудбалерот Роналдо, или пеjачката Мадона, на социјалните мрежи објавиле фотографии во поддршка на гасењето на пожарите во Амазон, несвесни дека фотографиите се лажни.

Фотографиите не се всушност од пожари, а некои не се и од Амазон. Фотографијата што Роналдо ја сподели е од 2013 година, и е од јужен Бразил, далеку од прашумата, додека фотографиите што ги постирале Макрон и Леонардо Ди Каприо се стари 20 години.

Мадона постирала 30 години стара фотографија од пожари, а некои славни личности постирале фотографии од други места како Монтана, Индија или Шведска, дознафа Форбс.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

Намерно се подметнуваат пожари на депонијата во Возбегово тврдат од Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Левица: Изгореа над 94 000 хектари шума или 9,5% од вкупната шумска површина – кој ќе понесе одговорност?!