Снимките на кои се гледа како огромни згради паѓаат како кула од карти го наметнуваат прашањето зошто доаѓа до рушење на зградите при земјотрес?
Виновникот најчесто се бара во архитектите, потоа во инвеститорите кои алчни да заработат повеќе штедат и на материјал и на квалитетот на градбата, како и корупцијата на инспекторите и службите кои се должни да ја контролираат изградбата, и нелегалната надградба и доградба.
Овие фотографии се шокантен показател за тоа како на некои објекти комплетно нестручно се изградени носечките столбови.
@taylandliiVar mı itirazı olan? Bu resimler facebook sayfalarından bulunmuştur.♬ orijinal ses – muratacar
Но не ретко како виновници се споменуваат и самите станари кои без дозвола си уриваат ѕидови и надградуваат.
Но шокантно е што во јавноста се појавуваат фотографии и снимки на кои се гледа дека не само виновни гореспоменатите. Никој не ги контролира мајсторите кои поставуваат цевки, електрична инсталација и слично.
Едно од основните правила од кои не смее да има отстапки е дека носечките столбови не смее да се чепкаат, но овие фотографии покажуваат дека не секој го почитува ова правило.
Неретко за да спроведат инсталации ги уништуваат носечните столбови што никако не смее да се случува. На овие фотографии се гледа дека има и запрепастувачки примери на такво уништување.
@tamercan.55 Depremi ilgilendiren inşatın bu iskeletidir. Bu iskekeleti layıkıyla yapmayıp Lüks Mermer, Lüks pencere, Lüks kapı, Lüks fayans, Lüks dolap, Lüks kombi ve petek, Lüks musluk takmanın adı;ahmaklıktır..Mezar yapmaktır.#atakumsahil #samsun #55samsun #samsun55 #atakentsahili #atakumsahili #çiftlik #samsuncanik #keşfet #keşfetlerde #keşfetteyizzz #samsunçarşamba #samsunterme #samsunsalıpazarı #samsunilkadım #samsunluyuz #samsunbafra #atakum #atakumsamsun #samsunyakakent ♬ orijinal ses – azda_ARS0102
По земјотресот во Турција во јавноста се појавија неверојатни слики кои го покажуваат невештото и непрофесионалното работење на градежниците во источниот регион на земјата. Зграда е навалена наназад бидејќи нема темел. Станува збор за станбена зграда од пет ката.
Рос Стајн, извршен директор на компанијата „Темблор“, пак која се занимава со проценка на ризикот од земјотреси, за магазинот Scientific American изјавил дека и самиот бил во Измит во турската провинција Коџаели по земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтер, во која имаше 18.000 жртви. Тој изјавил дека при обиколката на фабриката која се урнала за време на земјотресот видел огромна пукнатина.
-Беше доволно голема за да можев да ја втурнам раката со цел да почувствувам колку челични арматури се поставени таму. Ја ставив раката и извадив само огромно парче стиропор – рече Стајн.