ВИДЕО: Американска ракета „Антарес“ експлодира по лансирањето

Од:

Американска ракета „Антарес“ експлоидира вчера неколку секунди по лансирањето од комерцијалниот центар за лансирање во Вирџинија.

Американските медиуми јавуваат дека експлодирала ракета на приватната американска компанија „Орбитал Сајкенсис“, која носела капсула Сигнус без човечки екипаж.

Експлозијата се случила шест секунди по лансирањето од вселенската база Валопс, на брегот на американската држава Вирџинија, а ја активирале техничарите поради откажување на опремата.

Дефектот, како што пренесувата медиумите, е предизвикан поради староста на ракетата. Капсулата Сигнус требало да достави 2,2 тони храна и опрема за научни експерименти до Меѓународната вселенска станица, каде се наоѓаат шесмтина астронаути.

Ова е четврта капсула на Сигнус, која е лансирана кон Меѓународната вселенска станица. Првата полета пред нешто повеќе од една година.

Американската вселенска агенција НАСА почна да ги користи услугите на приватните компании за одржување и снабдување на вселенската лабораторија во орбитата, откако беа повлечени спејс шатлите, а за четири години „приватниците“ би можело да ги превезуваат и астронаутите.

НАСА ги плаќа компаниите Орбитал Сајенсис од Вирџинија и Спејсикс од Калифорнија да ја опремат вселенската станица во периодот по шатловите. Ова е прв пат да се случи несреќа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало

НАСА испрати погрешна команда и изгуби контакт со вселенско летало оддалечено 19 милијарди километри

НАСА: Јули 2023 година ќе биде најтоплиот месец досега