(ВИДЕО) Едно лице загина, 69 се повредени во новиот земјотрес што ја погоди Турција

Од:

Најмалку едно лице загина по земјотресот со магнитуда од 5,6 степени според Рихтеровата скала што денес ја погоди источната турска област Малатија, неколку недели откако два силни земјотреси го потресоа регионот, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), јавува Анадолу.

„Во земјотресот повредени се 69 лица“, изјави за новинарите Јунус Сезер, челникот на АФАД.

Земјотресот се случи во 12:04 часот по локално време, на длабочина од 6,96 километри во подрачјето на Јешилјурт.

Земјотресот е почувствуван и во соседните области Кахраманмараш, Газиантеп, Адијаман и Шанлиурфа.

„Утврдено е дека во земјотресот се уништени одредени згради. Екипите за пребарување и спасување се испратени во зоната на катастрофата“, објави АФАД на Твитер.

Агенцијата за управување со катастрофи ги предупреди граѓаните да не влегуваат во оштетените објекти и побара од нив да бидат подалеку од ризичните згради во подрачјето.

Локалните жители по земјотресот истрчаа на отворено.

Новиот земјотрес се случи во време кога Туркије се справува со последиците од двата разорни земјотреси кои го погодија јужниот дел на земјата на 6 февруари.

Најмалку 44.374 луѓе загинаа како резултат на земјотресите со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени по Рихтеровата скала.

Нивниот епицентар беше во областа Кахраманмараш, југозападниот сосед на Малатија, а погоди уште десет други турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Килис, Османије, Малатија и Шанлиурфа. Од земјотресите погодени беа над 13 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски