ВИДЕО: Едно лице приведено по пукањето во Чарли Кирк: Се спротивстави на апсењето

Од:

Откако Чарли Кирк, близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, беше застрелан на настан во Јута, едно лице беше уапсено, но беше утврдено дека не се работи за атентаторот.

Како што може да се види, станува збор за постар маж кој беше држен на колена од полицијата пред да го одведат.

Универзитетот каде што зборуваше Кирк потврди дека соработникот на Трамп бил однесен од обезбедувањето по пукањето, и велат дека напаѓачот сè уште не е во притвор.

„Можеме да потврдиме дека г-дин Кирк беше застрелан, но не ја знаеме неговата состојба. Осомничениот не е во притвор. Полицијата сè уште истражува. Кампусот е блокиран до крајот на денот“, изјави портпаролот на UVU, Скот Тротер, во соопштението, според Deseret News.

На второто видео што беше објавено, уапсеното лице може да се види како се спротивставува на апсењето и конечно е одведено од местото на настанот од тројца полицајци кои го фаќаат за нозете и рацете.

Како што претходно беше објавено, атентаторот го застрела Кирк со пушка од една од зградите на кампусот од растојание од 200 метри.
Полициски службеник запознаен со деталите изјави за „Асошиејтед прес“ дека Кирк е болница и е во критична состојба.

На објавените видеа од атентатот е снимен само еден истрел, кој го погоди Кирк во вратот, при што почна да губи многу крв.

Би можело да ве интересира

Израел e загрижен, Нетанјаху бара итна средба со Трамп

Авион се урна во Мисури, загинаа 11 падобранци и пилот

„Лош договор!“ Израел со жесток удар по сојузот меѓу САД и Иран

Горан Наумовски

Гарибабади: Укинувањето на сите санкции врз Иран ќе биде приоритет за време на 60-дневните преговори

Израел му пркоси на Трамп: Договорот не важи за нас, нема да се повлечеме од Либан

Горан Наумовски

Договорен крај на војната: САД и Иран ќе потпишат мировен договор

Горан Наумовски