ВИДЕО: Еден мртов и над 30 повредени поради силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур

Од:

Едно лице загина во авион од Лондон за Сингапур поради силни турбуленции, а повеќе од 30 лица се повредени, јавува Би-би-си.

Авионот „Боинг 777-300ЕР“ кој летал за Сингапур беше пренасочен кон Бангкок и слетал во 15:45 часот по локално време. Авионот превезувал вкупно 211 патници и 18 членови на екипажот, се наведува во соопштението на авиокомпанијата.

Сингапур ерлајнс соопшти дека летот SQ321, кој летал од Лондон Хитроу до Сингапур, наишол на сериозни турбуленции.

„Можеме да потврдиме дека има повредени и еден мртов во Боингот 777-300ER. Во авионот имало вкупно 211 патници и 18 членови на екипажот. Сингапур ерлајнс изразува длабоко сочувство до семејството на починатиот“, соопшти компанијата.

Тие додадоа дека „соработуваат со локалните власти во Тајланд за да им ја пружат потребната медицинска помош на повредените“ и испраќаат тим во Бангкок за да обезбеди дополнителна помош.

Би можело да ве интересира

Мртво бебе пронајдено во торба пред црква во Лондон

А1он

Авион од САД за Кина морал да се врати на половина пат бидејќи пилотот не го носел пасошот

(ВИДЕО) Драма во Лондон: Комбе влета во пешаци, има мртви и повредени

Авион на Ер Индија се врати во Чикаго по 10 часа лет – 300 патници делеа еден тоалет

А1он

Човек со палестинско знаме сè уште e на врвот на Вестминстерската палата

(ВИДЕО) Застрашувачка снимка од падот на американскиот борбен авион: Удира во вода, па експлозија

Предраг Петровиќ