По разорниот земјотрес што се случи на границата на Турција и Сирија, во кој според последните процени загинаа повеќе од 9.400 луѓе, од овие две земји доаѓаат болни и шокантни сцени од спасување на преживеаните.
Објавено е видео од малото момче, двегодишното дете по име Мухамет, кое поминало 44 часа под урнатините.
На видеото може да се види како спасувачите му даваат да се напие вода од капаче на исцрпеното момче за време на спасувањето.
Неговите насолзени очиња никого не оставија рамнодушен, но тој е мал херој и не се предава иако повеќе од 44 часа бил заглавен под урнатините.
Како што се наведува во објавата на „Твитер“, станува збор за момче од Сирија, кое во моментот на земјотресот било во Турција.