ВИДЕО: Двајца повредени при инцидент на воената вежба „Запад 2017“

Од:

Две лица се повредени за време на руско-белоруските воени вежби „Запад 2017“, што се одржуваат во западниот дел на Русија, откако руски хеликоптер по грешка истрелал ракета врз паркирани возила, објавија руски портали.

Порталот „66.ру њуз“ објави и видео на кое се глледаат два хеликоптери во низок лет, по што потоа едниот од нив истрелува ракета што експлодира во близина на група луѓе кои ги гледаат вежбите.

Порталот тврди дека при тоа се повредени две лица и се уништени две возила, додавајќи дека инцидентот се случил во неделата или вчера.

Руската војска ја потврди веродостојноста на видеото, но демантираше дека несреќата се случила вчера.

Војската не прецизираше кога се случил инцидентот и тврди дека никој не е повреден.

Американски медиуми пак јавија дека истото видео било објавено и на порталот „Фонтанка.ру“ и дека на него се гледа како хеликоптерот истрелал повеќе ракети врз воен камион прекриен со камуфлажна мрежа.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Додик отпатува за Русија