(ВИДЕО) Дрон погоди рафинерија во Русија, две лица се тешко повредени

Од:

Пожар избувна во реонот на нафтена рафинерија во рускиот град Рјазан, потврдија оперативните служби за државната новинска агенција Тасс.

„Веројатна причина за пожарот е пад на дрон“, изјави извор од оперативните служби.

Итната помош пристигнала на местото на настанот. Две лица се пренесени во локалната болница со тешки повреди.

– Нивната состојба е тешка и се хоспитализирани на Одделот за трауматологија, соопштија од болницата.

Пожарот зафатил 100 квадратни метри. Руските Телеграм канали јавуваат дека очевидци слушнале три експлозии. Според извори, гори инсталацијата на разменувачот на топлина. Се појавија повеќе снимки, вклучително и онаа на која се гледа како Русите неуспешно се обидуваат да соборат еден од беспилотните летала.

По експлозиите и пожарите во рафинеријата за нафта, локалните жители забележале нови беспилотни летала како летаат над градот. Во исто време, гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, објави дека 45.000 луѓе останале без електрична енергија во округот Шебекин поради ноќен напад со дрон.

Би можело да ве интересира

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород