(ВИДЕО) Драма во САД: Измасакрира осуммина па се самоуби

Од:

Властите на американската сојузна држава Илиноис синоќа започнаа потрага по 23-годишниот Ромео Ненс, осомничен за убиство на осум лица со огнено оружје во градот Џолиет, на околу 56 километри од Чикаго, извести полицијата.

Масовниот убиец бил пронајден во голема полициска потрага во близина на градот Наталија, Тексас, каде по пресметката со полицијата извршил самоубиство. Засега не е познат мотивот за убиствата, но осомничениот ги познавал жртвите, соопштија полициските службеници во изјава за медиумите.

Првата жртва, 28-годишен маж со потекло од Нигерија, кој живеел во САД во последните три години, бил застрелан од осомничениот во неделата попладне од возило. Следното утро, полициските службеници пронашле пет тела во куќата во која живеел осомничениот, а потоа уште две тела во куќата спроти улицата, со што бројот на жртви се искачи на осум.

За последните седуммина убиени, чии тела се пронајдени во две куќи, полицијата смета дека се членови на исто семејство. “Јас сум полицаец веќе 29 години. Ова е веројатно најлошото злосторство што сум го видел”, изјави шефот на полицијата на Џолиет, Вилијам Еванс.

Ден Џанглс, началникот на полицијата во округот Вил, рече дека сè уште не е познато колку долго луѓето во домовите биле мртви пред да бидат пронајдени. Покрај тоа, во престрелката е ранета и 42-годишна жена, за која постои сомневање дека е жртва на истото лице, но таа не била поврзана со другите жртви.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас